Челични Платформи

Опис на челичните платформи

Опис на челичните платформи

Челични платформи

Во моментот постојано расте побарувачката на одредени производи и роба. Ова прави индивидуалните бизниси и логистички центри да го зголемуваат капацитетот за складирање, но и да ги намалат трошоците поврзани со оперативното работење. Заради тоа мора да се обезбеди континуитет на протокот на материјал и информации, синхорнизирање на бизнис потребите и побарувањата на клиентите, залихата мора да биде оптимално менаџирана, оптимални поставки за индивидуални активности со акцент на ефикасноста, безбедноста и намалување на временската и просторната загуба.

Челични платформи – детален опис

Генерално можеме да кажеме дека секој магацин е опремен со софистициран логистички систем со палетни сталажи и нивни модификации, полични галерии, конзолни регали и др.

Прочитај повеќе ➤

Платформите помагаат во зголемувањето на искористен складишен простор

Важен елемент од магацинската опрема се челичните складишни платформи кои се иделаен начин за едноставно и без некои структурни промени да се зголеми капацитетот на складишниот простор во целост или барем делумно со искористување на висината на складиштето или халата. Оваа технологија се користи и во производствените погони, каде што е можно да се постави машина под платформата, а на платформата магацинскиот менаџмент. Ова доведува до максимизирано искористување на просторот на подот и на катот на платформата. Идеална е комбинацијата на платформа со галерии на високи полици во кои е можно материјалот да се складира со рака, при што се постигнува сложен систем на повеќе катен магацин. Подниот дел од платформата може да служи како отворен простор за оставање палетен материјал, кутии, поединечни парчиња материјал или за локација на уште еден складишен систем или канцеларии од гипс. Материјалот се манипулира најчесто со рачен палетар или рачно. За разлика од спратот а платформата, долниот под за складирање помеѓу челичните столбови е по избор на клиентот.

Висината на катот се поставува по желбите и потребите на клиентите

Складишните платформи главно се произведуваат за затворени магацини или производствена хала кои имаат квалитетен бетонски под. Тие се дизајнирани и монтирани според желбите и потребите на клиентот во однос на складирањето и отстранувањето на материјалот, како и дозволеното оптоварување и дизајн на платформата. Барањата на клиентите се разновидни (растојание меѓу столбовите, форма на платформата, број на нивоа или катови, висина на катот и др.), па затоа и секоја платформа е различна и единствена. Платформите се конструирани да имаат носивост од 200 кг/м² до 900 кг/м². Висината на проодниот долен дел и катот не смее да биде помала од 2100мм, а истото важи и за висината меѓу катовите. Платформите може да имаат еден или повеќе катови.

Главна структура на челичните платформи

Складишните платформи се структурно дизајнирани да ги задоволат нормите CSN и прописите за безбедност и се подложени на строги статички пресметки. Платформите се самоодржувачки монтажни структури со делумно заварени делови. Тие се направена од обични челично валани профили, кои се засилени со помош на укрутувачки прачки со затегнувачки ремени. Закотвување на платформите во столбови и ѕидовите на зградите не е практика поради можноста за нарушување на статиката на објектот.

Носечки столбови

Столбовите на платформата главно се направени од валани челични профили тип TR4HR, HEA или HEB. На двата краја има метални прирабници со дупки за штрафови. Долниот крај се користи за закотвување на столбовите во бетонски под со хемиски анкери, а горниот дел е за поврзување со главните носачи.

Главни и споредни носачи на челичните платформи

Главните носачи главно се прават од валани челични профили тип IPE или од специјално обликувани Сигма профили. На спојувањето со столбовите тие се појачани со метални листови. На исправените профили се заварени стапала (или се направени дупки) за поврзување наспоредните носачи. На главните носачи има заварени метални плочи за поставување на ограда.

Секундарните носачи се главно направени до валани челични профили тип IPE, и посебно обликувани профили Сигма, Z и C. На двата краја има дупки за штрафови за поврзување со главните носачи. И на нив има заварени метални плочи за поставување ограда.

Скалила за пристап на катовите на платформата

Составен дел на платформата се пристапните скалила на секое ниво. Скалите се направени од два странично свиени плехови кои се поставени директно на соодветниот дел од оградата. Страничните панели имаат дупки за заштрафување на скалилата на соодветна ширина и висина. Аголот на скалите може да биде од 30° до 45°. Ширината на скалилата варира и според специфичните побарувања на клиентите за висина на платформа од 800 мм и нагоре.

Подот може да биде дрвен или челичен

Подот на платформите се прави по желбата и потребата на клиентите. Тој може да биде направен од иверица, иверица со нелизгачка површина, ОСБ, комбинација на иверица со брановиден челик, лимени листови, челични решетки или челични панели (шупливи или исполнети). Штрафовите за иверицата се поставуваат директно на главните и споредните носачи, а челичните решетки и панели се прицврстуваат на секој носач преку посебни монтажни спојки. Челичните решетки и панели се поцинкувани.

Челични платформи и безбедноста при работа на високо

Платформите на секое ниво се обезбедени со ограда и лајсни на местата каде што е тоа потребно. Горниот раб на оградата вообичаено е на висина од 1100 мм, а висината на лајсната е обично 100 мм. На барање на клиентот оградата може да биде испрекината и таму да се вметне врата за преместување на материјал. Може да се постават лизгачки врати, едно или двокрилни врати, летечко крило и сл., но секогаш во продолжеток на оградата. Ширината на индивидуалните врати зависи од потребите и се опремени со уред против случајно отварање.

Додатоци како лифтови меѓу катовите

На складишните платфоrми е можно да се постават и разни видови додатоци, како што се транспортните лифтови за стока со голем волумен, разни лизгалки, заштитни бариери со посакувана висина, затворени врати на влез и излез од скалите, покривна привремена подна заштита, заштита на подните столбови, маркирање со самолепливи етикети или магнетни, етикети со бар код, осветлување под платформата и др.

Избор на боја за платформата

Завршниот слој на платформите за внатрешна употреба се става во фабриката според тоновите на RAL картата со употреба на спреј боја. Во случај клиентот да сака да ја зголеми огноотпорноста се става слој на заштитна боја или се обложуваат структурните делови за поддршка со даски од минерална волна.

Галерија