Полични Сталажи - Детали

Услови во просторијата во која се наоѓаат поличните сталажи

Температурата во просторијата треба да се движи од +10°С до +40°С со релативна влажност од 80% на 40°С. Бетонскиот под мора да има дебелина од најмалку 120 мм во случај сталажите да се закотвуваат во подот. Во дебелината на подот треба да бидат вклучени и кабли, цевки и сл., а тој да биде минимум класа на квалитет C20/25 и да го исполнува европскиот стандард EN-206-1. Подот може да има максимална висинска разлика од 3мм на еден должен метар.

Осветлување на полиците

Барања за квалитет и можната структурна анализа за бетонскиот под е обврска на клиентот и е базирана врз информациите од добавувачот. Во случај да има осветлување потребно е да се вкомпонира заземјување во дизајнот на полиците. Заземјувачкиот дизајн треба да биде изработен според релевантни стандарди на производителот на осветлувачката опрема, кој исто така има обврска да изврши и инспекција на осветлувањето.

Опис на поличните сталажи

Сталажите се изработуваат врз основа на технички податоци содржани во договорениот цртеж. Тие се дизајнирани како самостојна структура. Закотвување на столбовите на палетните сталажи во бетонскиот под се врши со прицврстување на стапалото на столбот за бетонската подлога со челичен сидрест шраф (анкер) M8/60-80 мм. Закотвување на столбовите и нивно прицврстување на sидот на објектот е можно само по исклучок и со посебен договор со нарачателот доколку е потребно, при што тој е должен да обезбеди проценка дека не постои нарушување на статиката на објектот. Полиците се монтажни структури направени од специјални челични валани делови, носачи, полици и дијагонали.

Основен дизајн

Основната верзија на поличните сталажи е една колона со келии. Колоната е составена од 4 столбови со соодветна висина и длабочина која се определува со дијагонални пречки или конектори кои ги поврзуваат двата столба. Должината на сталажата се одредува од избраната должина на носачите или полицата, а бројот на нивоа се одредува од бројот на ќелии (по желба на клиентот). Еден модул или колона мора да има најмалку две полици – односно две нивоа на складирање за да се обезбеди стабилноста на структурата. Исто така поличните сталажи може да се опремат со разни додатоци.

Главни делови на поличните сталажи

Рамките за полични сталажи се направени од челични валани секции од вертикали, хоризонтали и дијагонали. Вертикалите се перфорирани, а дупките се користат за закачување на полиците, хоризонталите и дијагоналите. Перфорацијата дозволува прилагодување на висината на полиците на секои 25 мм. Профилот на вертикалите варира во зависност од посакуваната носивост и висината на сталажата. Вертикалите можат да бидат високи од 1500 мм до 9000 мм, со надоградување на секои 500 мм. На долниот дел од столбовите има челична ногарка (стапало) за закотвување на сталжите на подот со челични сидрести шрафови (анкери). Челичната ногарка некогаш може да биде заменета и со пластична. Рамката меѓу вертикалите е составена од хоризонталите и дијагоналите и тие се поврзуваат на посакуваната ширина за сталажите. Дијагоналните профили се направени од пресуван челичен лим или од валан челик или цевки со С форма. Профилите од пресуван лим на краевите имаат заб кој влегува во дупките на вертикалите и така ја формираат рамката. Дијагоналите од валан челик се заштрафуваат со штраф M6, а нивната должина зависи од ширината на полиците. Профилите со С-форма секогаш се свртени со отворот еден према друг. Поврзувањето на еден пар вертикали со дијагонали ја формира рамката на сталажата. Капацитетот на колоната може да се најде во табелата за капацитет.

Носачите за полични сталажи се направени од свиткан челичен лист. Двата краја имаат шарки за да се вметнат во дупките на рамките. Големината и обликот на носачот е одреден од потребното оптоварување и должина. Нивната форма дозволува врз нив да се стави полица. Носачите се опционални и се поставуваат за поголема носивост. Капацитетот на носачите е прикажан во табелата за капацитет.

Полиците се направени од челични лимови кои се свиткани за да се избегнат острите рабови. Нивната висина е 30 мм, а се произведуваат во стандардна должина од 600, 800, 1000, 1200, 1300 и 1500 мм и ширина од 300, 400, 500, 600 и 800 мм. Полиците се закачуваат на рамките со специјални обликувани метални држачи – куки. Куките се поставуваат по 4 за секоја полица, едниот дел од куката се поставува на вертикалите од рамката, а на другиот дел одозгора се поставува полицата. Горниот крај на првата полица од подот е секогаш најмалку 75 мм. Носивоста на една полица се движи од 50 – 900 кг по полица (во зависност од потребите на клиентот).

Подните ќелии за повеќекатни конструкции формираат самостојна монтажна конструкција. Може да бидат направени од жичани панели, иверица, челични подни решетки, подни панели или текстил. Се користат за складирање на ситен материјал или кутии. Жичаните плочи се испорачуваат со дебелина од 100 мм до 200 мм, во зависност од оптоварувањето. Иверицата е достапна во различни дебелини, во зависност од потребното оптоварување. Големината на подната решетка зависи од оптоварувањето на келијата. Подните решетки можат да бидат полни или перфорирани. Жичаните панели, челичните решетки и подните панели се со поцинкувана завршна обработка.

Етикети за капцитет на поличните сталажи се поставуваат на секоја сталажа каде е означено името и адресата на добавувачот. Исто така назначен е бројот на полиња, носивоста на една полица и носивоста на целата полична сталажа.

Додатоците служат за да се поедностави складирањето на различни видови на материјали, да се зголеми јасноста, безбедно складирање и заштита на сталажите од оштетување.

Зајакнувачи за полици - тие се направени од свиткан лим или валани челични профили. На двата краја се адаптирани за да можат да се вметнат на дното на полицата. Тие се наменети да ја зголемат носивоста на полиците доколку клиентот има потреба од тоа.

Прегради, раздвојувачи – направени се од челичен лим со свиткани валани профили. Двата краја се прилагодени да можат да влезат во свитканиот дел од дното на полиците. Со нив се одделуваат различни материјали или стоки и обезбедуваат комплетно раздвојување на полиците по должина.

Фиоки – направени се од челичен свиткан лим. Во фиоките обично се чува ситен материјал, цртежи, мапи и сл. Самите фиоки можат да имаат дополнителни одделувања. Тие имаат механизам кој го запира движењето на задниот дел за да се спречи излегување на фиоката.

Пластични гајби – се користат за складирање материјали на парче.

Рамки за закачување на папки – направени се од свиткан челичен лим и валани профили. Се користат за закачување на папките и значајно придонесува за поголема јасност и безбедност на материјалите. Рамките можат да бидат фиксни или на извлекување. Рамките на извлекување на двата краеви се опремени со механизми за стопирање кои спречуваат испаѓање.

Рамки за дискови и гуми – направени се од подвиткан лим и челични профили и се користат за складирање на дискови и гуми. Рамките се фиксирани.

Предни маси на склопување – направени се од свиткан челичен лим. Тие се поставуваат од страна на полиците и се користат за чување на ситен материјал, книги, папки и др. На двете страни имаат шарки за склопување

Заштита, капак – направен од плетена мрежа или валани челични профили поврзани со рамките со мрежа. Тие се монтираат примарно на вертикалите со сепцијални поврзувачи кои дозволуваат прецизно позиционирање во посакуваната позиција. Капаците се користат за да се спречи испаѓање на ситниот материјал кој е складиран на полиците и за заштита од кражба. За архиви и библиотеки може да се изработат ламинирани капаци во посакувана боја.

Укрутувачи – тие се направени од валани челични профили поврзани со ремени. Со нив се осигурува стабилноста на полиците. Укрутувачите се поставуваат вкрстено на задниот дел од сталажите.

Заштита за рамките – направени се од валани челични лимови и профили. Тие можат да се постават пред полицата или на аголот. На нив имаат перфорации за да се закотват во бетонот со штрафови анкери. Нивна цел е да се заштити полицата од оштетување од виљушкар.

Странични водичи со рампи – направени се од валани профили во форма на L или U. Прилагодени се со стапало со дупки за заштрафување во бетонскиот под со употреба на анкери или хемиски анкери. Висината на страничната шина со рампата е одредена од виљушкарот и служи како водич.

Обележување – за комплексни сталажни решенија можно е да се обележат индивидуални редови или одделни сталажи со посебна бројка, буква или комбинација од нив. Етикетите за означување на индивидуални материјали можат да бидат самолепливи или магнетски, а можат да им бидат додадени и баркодови.