Палетни Сталажи - Детали

Палетните сталажи се дизајнирани за отворени и затворени магацини со квалитетна бетонска подлога. Опсегот на работна температура во магацинскиот простор се движи од +10°С до +40°С, со релативна влажност на воздухот до 80% на 40°С. Бетонската подлога треба да биде со дебелина од најмалку 120мм заради техниката на закотвување. Дебелината на подот вклучува водоотпорност, инсталации, цевки итн. Бетонот мора да има минимум квалитет од класата Ц20/25, како и параметри согласно европскиот стандард EN-206-1. Подот може да има максимална висинска разлика од 3мм на еден должен метар (ČSN 74 4505 DIN 18202). Доколку постои вградена опрема за осветлување на сталажите, неопходно е да се спроведе темелно и соодветно заземјување од нејзиниот изведувач и да изврши контрола над својата инсталација и опрема. За состојбата на подот и неговиот квалитет одговара нарачателот на сталажите.

Сталажите се изработуваат врз основа на технички податоци содржани во договорениот нацрт/цртеж. Тие се дизајнирани како самостојна структура. Закотвување на столбовите на палетните сталажи во бетонскиот под се врши со прицврстување на стапалото на столбот за бетонската подлога со челичен сидрест шраф (анкер) M10/90-100 мм. Дополнително закотвување може да се направи ако столбовите се прицврстени на sидот на објектот. Тоа е можно само по исклучок и со посебен договор со нарачателот, при што тој е должен да обезбеди проценка дека не постои нарушување на статиката на објектот. Палетните сталажи се монтажна структура составена претежно од заварени делови и специјални челични валани профили поврзани со дијагонални пречки.

Основниот дизајн на палетните сталажи го формира една колона на ќелии. Колоната е составена од четири столба со соодветна височина и длабочина на полицата, меѓусебно поврзани со хоризонтални и дијагонални пречки. Должината на сталажата се одредува според должината и бројот на избраните носачи за палети, а бројот на нивоа за складирање се определува според бројот на парови на носачи. За едно складишно ниво секогаш е потребен еден пар носачи. Палетната колона секогаш мора да содржи најмалку два пара на носачи т.е. две складишни нивоа со цел да се обезбеди стабилност на структурата. Доколку овој услов неможе да се исполни, палетната колона мора да биде поткрепена по надолжен правец. Исто така останува можноста сталажите да се опремат со предвидените додатоци и прибор.

Палетните сталажи ги имаат следните основни делови:

Палетните сталажи и нивните колони се изработени од специјални валани челични профили во форма на столбови (вертикали) и дијагонални пречки кои формираат мрежа. На предната страна на столбовите се наоѓаат коси правоаголни дупки за закачување на носачите, а на задната страна се наоѓаат кружни отвори за монтажа на дијагоналните пречки. Ширина на профилот на столбот изнесува 80 или 100 мм. Во зависност од посакуваната носивост се одредува дебелината на лимот. Столбовите се испорачуваат во стандардни должини од 2100мм до 14700мм, зголемувајќи се по 630мм. Долниот дел столбот завршува со челично стапало кое има две функционални дупки за закотвување во бетонскиот под.

Столбовите секогаш се поставуваат со отворената страна на профилот еден спроти друг и меѓусебно поврзани со дијагонални пречки во зависност од посакуваната длабочина на сталажите. Дијагоналните пречки се изработени од валани челични профили во форма на буквата С. Тие се поставуваат хоризонтално по една во подножјето и на врвот на столбот, а другите се поставуваат закосено и секогаш насочени со отворениот дел од профилот, една наспроти друга. Со отворениот дел од столбот тие се поврзуваат со шрафови М8 или М10. Така се формира т.н. рамка или страница на сталажата. Со поврзување на две страници-рамки, се формира колоната на сталажата.
Во случај кога височината на првото ниво на складирање изнесува до 1800 мм. за закотвување во бетонскиот под, доволно е да се користи еден сидрест клин на челичното стапало, за секој столб. Ако тоа не е случај неопходно е да се користат по два сидрести клина за секој столб.

Носачите на палетните сталажи се изработени од валани челични правоаголни профили (IPE профили). На двата краја тие се заварени со специјални челични шарки во форма на латиничната буква “L”. Шарките имаат накосени правоаголни игли со кои носачите се закачуваат за столбовите. Големината на профилот на палетниот носач зависи од посакуваната носивост на сталажната ќелија и од нејзината должина.
Носачите на палетните сталажи се испорачуваат во стандардна должина од 1800, 2200, 2700, 3300 и 3600 мм. со можност за прилагодување на секои 70 мм. Тие се обезбедени со челичните шарки со кои се закачени за столбовите и со посебно обликувани челични осигурачи во секоја шарка. Носивоста на носачите е прикажана на табелата за капацитет. Завршна обработка на столбовите е стандардно сина боја RAL 5010, а на носачите на палети RAL 2004.

Подните панели се полици за сталажните ќелии и не се потребни доколку се употребуваат палети со стандардни димензии, бидејќи палетата се потпира директно на носачите. Меѓутоа кога се работи за помали товари и кога магацинската единица има друг облик, подната површина на сталажната ќелија може да се исполни со плочи од иверица, челични решетки или др. вид подни панели. (Сталажната ќелија го означува просторот помеѓу два носачи на палети во височина и помеѓу два столба во ширина). Панелите од иверица се испорачуваат со дебелина од 28мм. и можат да бидат поддржани од посебни попречни греди закачени на носачите. Челичните подни решетки се поставуваат врз носачите на палети. На двете страни решетките се обезбедени со валани челични профили во форма на латиничната буква „L“ со цел да се спречи поместување и евентуално паѓање на товарот. Останатите видови подни панели можат да бидат полни или перфорирани. Челичните и металните панели и решетки се со поцинкуван финиш.

Ознаките се поставуваат на: секој сталажен систем со име и адреса од доставувачот; на секоја сталажа со број на палетни места и носивост на ниво и носивост на целата сталажа.

Додатоците служат за поедноставување во користењето на сталажните системи. Има различна опрема и материјали за безбедност и заштита од оштетување на структурата додека се користат виљушкари.

Попречени носачи – направени се од челични валани делови. На двата краја се со заварени рачки за закачување на носачите. Тие служат за поддршка на ивериците, палети итн.

Врамени попречни носачи – направени се од челични валани делови во посакувана форма. На двата краја имаат рачки за закачување на носачите. Се користат за чување на цилиндричен материјал, буриња, ролни, котури, тапани и сл.

Заден стопирач – направен е од челични валани делови. Служи за да се избегне паѓање на стоката, да се спречи палетата да допре до ѕидот. Во секој случај служи за да се олесни ракувањето со стопирање на палетата.

Врамена плетена жица – направена е од валани челични делови исплетени во жица поврзани со рамка. Се монтираат на вертикалите (рамките) со специјални конектори кои овозможуваат прецизно усогласеност со саканата позиција. Се користи за да се спречи загубата на мали делови кои се чуваат на полиците, паѓање на материјалот и роба во кутии или кражба.

Укрутувачи – направени се од рамни челични профили дополнети со затегнувачки чворови. Служи да се обезбеди поголема стабилност на сталажите. Укрутувањето е вертикално и хоризонтално.

Штитници – направени се од челични лимови. Заштитниците се делат на челни и странични. За нив се предвидени стапала со дупки за закотвување во бетонскиот под со анкерски шрафови. Тие служат за зашита на палетните сталажи додека се употребува виљушкарот.

Странични водичи со рампи – направени се од валани профили во форма на L или U. Прилагодени се со стапало со дупки за зашрафување во бетонскиот под со употреба на анкери или хемиски анкери. Висината на страничната шина со рампата е одредена од виљушкарот и служи како водич.

Други додатоци – различни типови на врати помеѓу посебни редови од полици, корита за прокапување под полиците, различни видови и форми на прегради.

Обележување – за комплексни сталажни решенија можно е да се обележат индивидуални редови или одделни сталажи со посебна бројка, буква или комбинација од нив. Етикетите за означување на индивидуални материјали можат да бидат самолепливи или магнетски, а можат да им бидат додадени и баркодови.