Мобилни (Подвижни) Сталажи

Подвижни палетни сталажи во основа се класични палетни сталажи поставени на платформи со сопствен погон и управување. Нивната технологијата овозможува елиминација на сите транспортни патеки (освен една), кои во класичната структура се неопходни за пристап до логистичките единици. Со тоа просечната искористеност на складишниот простор се движи помеѓу 80% и 90%, што во однос на класичната организација на палетни сталажи кои имаат искористеност од 40%, изнесува зголемување од 100-110%. Со нивната примена се обезбедува 100% пристап до секоја палета.

Во овој сталажен систем доволен е еден премин за целиот сталажен блок. Платформите се движат по вградени шини и со поместување на редовите се овозможува пристап до секоја палета. Брзината на движење е околу 5м/мин.
Овие палетни сталажи се употребуваат во складови каде е неопходна висока густина на складирање како што се складови-ладилници и други видови складови со контролирана температура. Со овој систем се намалуваат оперативните трошоци во целиот простор, а со тоа и електричната енергија.
Коридорот се отвара со команда од вработените преку управувач со притискање на копче. Сталажите се сместени на посебни вагони кои се движат со помош на тркала по траки прицврстени на бетонскиот под. Моторите служат за да ги придвижуваат вагоните кои се контролирани електонски.

Галерија