Гравитациони Палетни Сталажи

Овој сталажен систем е идеален за складирање на лесно расиплива стока со висок обрт, како и на производи за широка потрошувачка со постојана флуктуација. Гравитационите палетни сталажи се користат кога има повеќе палети од ист тип на производ, за олеснување и поедноставување на движењето на различни видови палети од влезот до излезот на складот, со користење на валчести транспортери сместени во основната структура на овој сталажен систем. Гравитационите палетни сталажи ќе ви овозможат да ги движите палетите по принципите FIFO (first-in, first-out) или LIFO (last-in, last-out). Обезбедуваат повеќе место и време додека се работи со палетите.

Составени се од стандардна конструкција на палетен сталажен систем и шински систем со ролери по кои се движат палетите заради благиот пад. Палетите може да се складираат од двете страни (предно или страничо). Шините се направени да одговараат на потребната носивост. Тие можат да носат дрвени палети EUR 800x1200мм и 1200x1200мм и метални палети Gitterbox според стандардот DIN 15.155 и димензии од 800, 1000 и 1200 мм во двете насоки. Тежината на палетите може да се движи од 100 кг до 1500 кг. Важно е да се користат висококвалитетни и неоштетени палети. За транспорт на наведените палети се користат челични валци со дијаметар од 50 мм сместени во свиткани странични шини од поцинкуван челик. Во зависност од видот и тежината на палетите валците транспортери, се поставени на падина од 3-5%. Брзината на движење на палетите може да се регулира со кочници или со промена на косината.

Галерија