Влезни (Drive In) и Проодни (Drive Through) Сталажи

Пример од магацин со Drive-In систем

Пример од магацин со Drive-In систем

Широката примена на палетите и сите предности од палетизирање на разновидни видови на товари, го поттикна создавањето на разновидни палетни системи по видови и по функционалност. Влезните и проодни сталажи на Proman се модификација на класичните палетни сталажи со цел максимална искористеност на складишниот простор. Овој сталажен систем е дизајниран за складирање на хомогена роба. Drive in палетните сталажи обезбедуваат најдобра искористеност на магацинскиот простор. Со елиминирање на меѓусталажните транспортни патеки за виљушкарот се постигнува максимална искористеност на просторот (до 90%) и висока густина на палетните товари (од sид до sид и од подот до таванот). Ова е особено важно кога се опремуваат комори за замрзнување и складови-ладилници каде единицата на складова површина е многу скапа и просторот треба да се искористи што е можно поефикасно. Овие сталажи се користат за долгорочно складирање на големи серии на истовидни материјали и производи.

Прочитај повеќе ➤

Типично за Drive in системот е една влезно-излезна точка, односно само една патека за пристап согласно системот LIFO (last in- first out), што значи дека за да се складира новиот товар, мора да се искладира последниот. Се користи еден виљушкар. Предноста на овој систем е неговата исклучително ефикасна концентрација на складирање. Палетите во овој систем се складираат во канали-тунели, една зад друга и без растојание помеѓу нив. Виљушкарот ги реди палетите од крајот кон почетокот на каналот, во поединечни редови и на неколку нивоа на складирање.
Овој систем е погоден за долгорочно складирање на голем број истоветни товари, особено за магацини за замрзнување, ладилници, магацини со нагласена сезонска продажба (пр. минерална вода, сокови, сладолед), производи од хемиската индустрија и сл. Најчесто се користи во прехрамбената индустрија кај големи серии на брашно, зејтин, млеко и пијалоци.

Конструкцијата на drive in сталажите е изградена на истиот принцип како класичните палетни сталажи, односно еден пар столбови кои ги поврзува носач. Така формирани рамови се поставуваат еден зад друг, меѓусебно поврзани со посебни врски на определена стапка на височина и на врвот поврзани со крути потпирачи и попречни носачи. Така поставени рамките ги формираат влезните товарни канали на сталажата. Длабочината на каналите може да биде произволна, а се препорачува да се изведат сталажни системи со максимална длабочина за 8-10 палети, со височина на сладирање за 3 до 5 логистички единици. Палетите се складираат на специјални шини направени од свиткан поцинкуван челичен лим. Шините се поставени на челични конзоли прицврстени за столбовите со шрафови. Конзолите можат да бидат еднострани или двострани. Влезната палетна сталажа drive in, мора на врвот на столбовите да содржи главна греда-носач за да се осигура неговата цврстина. Закотвување на drive in сталажите во бетонскиот под е направено со челичен сидрест шраф M10/90-100 мм. За стабилност на сталажите се поставуваат вертикални и хоризонтални потпорни греди, а може да се опреми и со други предвидени додатоци.

За разлика од влезните, проодните или т.н. тунелски палетни сталажи Drive trough се опслужуваат од две страни на товарниот канал согласно ситемот FIFO (first in-first out). Тоа значи дека товарот се магационира на една страна, а другата роба истовремено се презема од друга страна. Според тоа, кај овие сталажни системи има поголема проточност отколку кај Drive in сталажите. Овој сталажен систем обезбедува долгорочно складирање, особено на производи со рок на траење. На истовар секогаш се наоѓаат палетите со производи со пократок рок на употреба. Овој систем е погоден за полуразладни магацини и производи со ограничен рок на чување, за полуфабрикати (пр. сокови продукти, кондиторски производи и сл.) и за компании со брз обрт на стока.

Галерија