Конзолни Сталажи

Опис на конзолните сталажи

Опис на конзолните сталажи

Конзолни сталажи – општ опис

Во природата на конзолните сталажи PROMAN е ефикасно да го искористат и зголемат капацитетот на складишен простор во магацинот и да обезбедат појасен увид во складираниот материјал. Сталажите се докажан систем коj многу едноставно се монтира.

Дизајнот на конзолните сталажи е идеален за складирање на различни видови на цевкаст и плочест материјал (профили, цевки, калеми, плочи, листови и др.), па дури и да складираат материјал со нестандардна големина. Нивната предност е во можноста да се приспособат на разни должини, форми и димензии на складиран материјал и да обезбеди висок складишен капацитет на секое ниво, како и јасен и непосреден пристап до складишниот материјал. Конзолните сталажи најчесто се користат во магацините за металуршки материјали, производствен процес или како влез за материјалите при производствените линии.

Прочитај повеќе ➤

Начин на складирање кај конзолните сталажи

Цевкастиот и плочестиот материјал може да се складираат поединечно или во купови како цела единица за ракување. За да се одржи стабилноста на складираните материјали тие треба да лежат на две или повеќе греди на исто ниво. Исто така постои и нестандарден начин на складирање со користење на специјални додатоци обезбедени од страна на производителот.

Конзолните сталажи се универзално применливи

Со употреба на полици на различни нивоа на складирање, конзолните сталажи можат да станат универзален и флексибилен систем за складирање на материјалот за еуро палети, нетипични палети, ситен материјал и материјал со различна должина и тежина, особено во случај кога опсегот и типот на материјал често се менува. Можат да се изработат платформи од иверица, поцинкувани челични подни решетки или поцинкувани панели (цврсти или шупливи). Платформите мора да бидат поставени на надолжни греди.

Конзолни сталажи на повеќе нивоа

Овој тип на сталажи нуди опција конзолниот систем рамномерно да се распореди по должина на магацинот со челична платформа. На горниот крај на колоната држачот е осигуран со главни и странични носачи кои го оформуваат спратот на платформата. Платформата може да биде од иеверица, поцинкувани челични подни решетки или поцинкувани панели (цвртси или шупливи). Спратот за складирање може да се користи како отворен простор, за складирање на палети, кутии, поединечни делови на материјал, или за поставување на друг тип на поличен сталажен систем или затворен работен простор со гипс картони. Ова ќе обезбеди максимално искористување на просторот. Пристапот до платформата е со скали. Поединечните конзолни регали може да се постават на мобилна шасија за да се добие мобилен сталажен систем со што би се добило уште повеќе простор за скалдирање. Се создава само еден централен премин широк колку што е потребно за да се избере или стави настрана одредена роба.

Можности за носивост и конструкција на сталажите

Конзолните сталажи се направени главно за затворени магацини и производствени хали, но и за складирање на отворен простор со високо квалитетен бетон. Тие можат да бидат направени во согласност со желбите и барањата на клиентот во начинот на складирање и отстранување на материјалот и посакуваното оптоварување по ниво. Бидејќи барањата на клиентите се различни (одалеченост меѓу рамки, нивна должина, должина на конзолите, број на конзоли, носивост и др.) секоја конзолна сталажа се дизајнира како посебна целина. Конзолните сталажи можат да поднесат оптоварување од 50 кг до 2000 кг, должината на конзолите може да биде од 500 мм до 2000 мм, оддалеченоста меѓу рамките (во зависност од должината на материјалот) оди од 1000 мм па нагоре, а нивната висина од 2000 мм па нагоре.

Закотвување на конзолните сталажи

Конзолните сталажи на PROMAN се изработени по CSN нормата и прописите за безбедност и се предмет на статичка пресметка. Тие се самоодржувачки, монтажни структури од делумно заварени делови. Направени се од обични челични валани профили кои се појачани преку користење на хоризонтални и вертикални поврзани шипки со ремени – затегнувачи/укрутувачи. Сталажите се закотвуваат најчесто преку челични сидрести штрафови – анкери заштрафени во подот, а закотвувањето во столбови и зидови обично не се применува поради можноста да се наруши статиката на објектот.

Варијанти на конзолните сталажи

Конзолните сталажи имаат повеќе варијанти – еднострана колона, двострана колона, еднострана закосена колона, двострана закосена колона, конзоли со иста или различна должина, заштрафени колони, завараени колони, конзоли заштрафени на колоната, конзоли заварени на колоната. Едностраните конзоли различни по должина се поставуваат на колоната од подот надолгите па најкратките и стие конзоли се поставуваат под прав агол – тоа се однесува и на закосените колони.

Нешто за дизајнот на конзолните сталажи

Рамките на конзолните сталажи со ногарки главно се направени од валани челични профили од типот IPE , HEA или HEB. Тие можат да бидат заштрафени или заварени. Ногарките на двата краја на металната база имаат дупки за заштрафување во подот. Краевите на рамките имаат кружни дупки кои служат за поставување на конзолите кои го носат товарот и тоа на секои 100 мм. Профилот на рамката е различен и зависи од тежината на товарот, висината и бројот на конзолите.

Конзолите вообичаено се прават од челични валани профили од типот IPE или TR4HR. Тие на едниот крај имаат челичен лист со дупки за заштрафување на едниот крај на рамката, а на другиот крај завршуваат со држач за игла која го спречува материјалот да се истркала.

За поврзување на рамките се користи хоризонтална конекција која ја одредува и далечината меѓу нив. Вертикалните и испреплетени шипки и зацврстувачки ремени (укрутувачи) ја гарантираат стабилноста на целата конструкција. Тие секогаш се монтираат во пар и вкрстено, а бројот на парови се одредува од висината и должината на сталажите (но, мора да се монтира барем еден пар на укрутувачи).

Додатоци и финиширање на конзолните сталажи

Конзолните сталажи можат да се опремат со додатна опрема како што се крајните игли, заштитни бариери, врати кои можат да се заклучат, покрив за надворешна употреба, обележување со самолепливи знаци, магнетни налепници, етикети со бар код, осветлување и др.

Завршниот слој на сталажите обично се става во фабриката со спреј бои и тоа во тонови од RAL картата. Овој вид на завршен слој обично се користи за сталажи наменети за затворени магацини, додека сталажите кои се користат во надворешни услови треба да бидат поцинкувани заради ризикот од корозија.

Галерија